Неколку загинати во пожар во зграда во Брисел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар во зграда во центарот на Брисел. Најверојатно телата биле пронајдени во лифт на зградата која била во фаза на реновирање. Според извештаите, пожарот е ставен под контрола.

Најмалку шест лица се водат како исчезнати, јавуваат медиумите во Белгија, повикувајќи се на локалните власти. Пристапот до другиот лифт бил првично блокиран, и не може да се исклучи дека внатре има уште тела.

Три лица беа повредени, а уште две лица беа однесени во болница со изгореници . На еден пожарникар му беше пружена помош на местото на настанот поради топлотен удар.

Пламен избувна во вторник наутро во зградата „Окси“ на плоштадот Брукер во Брисел – точно во центарот на градот, во пешачка зона. Зградата има станови, ресторани и бар на покривот. Порано служеше како административен центар на белгиската престолнина.

Пожарникарите биле повикани поради мал пожар на вториот кат од зградата, изјави портпаролот. Според канцеларијата на јавниот обвинител, околу 250 градежни работници биле внатре кога избувнал пожарот. Во зградата се поставувале лифтови. Пламенот се проширил низ отворот за лифтови до подрумот, што резултирало со голем пожар. Спасувачките екипи се првенствено фокусирани на пронаоѓање на луѓе заробени во отворите и во лифтовите.

„Два лифта беа блокирани во два отвори“, изјави портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител.

Причината за пожарот сè уште не е позната.