Нема абер за лидерска, партиите во кампања?! – Има обиди за консензус за датум за избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Датум за избори нема, но во позадина се водат преговори за постигнување на компромис околу датумот за одржување на предвремени парламентарни избори. Од СДСМ велат дека изборите се решение во овие момемнти, а не проблем.

„Нема во моментов договор за нова лидерска средба, мислам дека може да се каже дека има комуникација и се вложуваат напори да се постигне консензус. Меѓу нашите свети начела е да имаме демократија и многу е важно сите политички чинители да излезат на тој изборен мегдан“, истакна Никола Димитров.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека 60 дена  по завршувањето на вонредната состојба не може да има избори, или пак како што велат тие тогаш ставовите на Владата и донесените сет мерки за помош поради коронаврусот се лицемерни.Инаку Мицковски , и вчера го повтори истиот став .

„Избори не може да се случат 60 дена од престанокот на вонредната состојба. Што значи, ако вонредната состојба прекине на 30-ти мај најкасно до 30-ти мај, најдоцна до 30-ти јули избори не може да има“, посочи Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Зоран Заев продолжува да ја става својата тажна политичка кариера пред здравјето на граѓаните и натаму се залага за брзи корона избори на кои наместо да броиме гласови ќе ги броиме новозаразените и починати од корона вирус.

Заев од Струмица упати порака дека се потребни брзи избори и до септември целосно функционални институции подготвени за новиот бран на коронавируот.

„Изборите се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија. Избори треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата“, вели Зоран Заев.

Во текот на следанта недела треба да се состане и Советот за национална безбедност каде ќе се одлучува дали има потреба од продолжуање на вонредната состојба која завршува на крајот на овој месец.