Нема да доцнат свидетелствата – Шаќири: Се е подготвено за свидетелствата и државната матура

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Учениците од основните и средни училишта на време ќе ги добијат свидетелствата, вели министерот за образование, Јетон Шаќири. Денеска е потпишан договор со економскиот оператор а свидетелствата за деветто одделение и четврта година веќе се поделени. Шаќири за ТВ21 рече дека сега останува на директорите на училиштата кога ќе ги доделат свидетелствата на учениците.

-Свидетелствата нема да доцнат. Од страна на Управата, Бирото за развој на образование денеска се потпишува договор со компанијата. Свидетелствата за матурантите од четврта година и за деветто одделение се доделени а ќе се доделат сите свидетелства до крајот на второто полугодие. Потоа, останува на директорите да одредат датум за доделување на свидетелствата-рече Шаќири.

Во врска со успехот на учениците и добивањето оценки, претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска вели дека 92% е перцепцијата дека родителите бараат врски за повисоки оценки и тоа треба да прекине.

Во меѓувреме државната матура конечно ќе започне на 27 мај, тогаш матурантите ќе полагаат испит по мајчин јазик. Министерот Јетон Шаќири вели дека сите подготовки се при крај.

-Сите подготовки за првиот термин од полагањето се завршени или привршуваат деновиве. Така што и првиот рок од државната матура ќе се испочитува, ќе се работи максимално. Но информациите што ги имам, според ситуацијата, се е подготвено за 27 мај, но и за свидетелствата-вели Шаќири.

Инаку, секое училиште одредува свој датум за доделување на учениците, но од Бирото за развој на образованието апелираат тоа да се случи што поскоро, поточно согласно календарот за организација на училишната работа, за основните училишта до 14 јуни. за средните училишта до 9 јуни.