„Нема да дозволиме да се минираат договорите со соседите“ – на ТВ21 се враќа летниот „Клик Плус“, во поразличен формат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За Северна Македонија може да настане ризик само доколку премиерот Христијан Мицкоски се рангира со екстремно десничарските партии, рече аналитичарот Исмет Рамадани во Клик Плус на ТВ21. Според него, евентуалното спојување на Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на Србија, Александар Вучиќ и на Република Српска, Милорад Додиќ треба да биде аларм за албанските партии на власт во Северна Македонија.

„Албанскиот учесник во овој правец…овие се мои сугестии, сметам дека ќе покажат оддржливост и на никаков начин нема да се дозволи тој да биде со екстремните десничарски партии. Десничарските екстремни партии во мултиетничко општесто се многу проблематични. Тоа што досега ни беше заеднико со македонските партии беа евроатлантските интеграции.“, рече Рамадани.

Дритон Ислами, опинионист, смета дека изјавите на претседателката Гордана Силјановска Давкова и на премиерот Христијан Мицкоски, се тенденциозни и влијаат во застојот на спроведувањето на Договорите со соседните држави.

„Колку што ги следев дебатите на претседателката, таа постојано користи уставно-политички поими, кои се тенденциозни кон минирање на договорите, меѓу кои сигурно беше и НАТО…
Немој да се грижиш, таква работа нема да дозволиме. Ти ветувам дека таа работа нема да биде, Албанците се на трети спрат, она на први.
И јас верувам, но ваквите дејствија, да се занимаваш со невредни работи влијае да имаме застој.“, изјави Ислами.

Меѓу другото, се дебатираше и за укинувањето на Балансерот. Аналитичарот Абедин Исмаили, смета дека донесувањето на нов закон ќе го подобри застапувањето на Албанците во институциите.

„Албанците успеаја да бидат застапени во институциите на државата… ако се земат за основа 180 илјади со 22 илјади, некаде се вработени 14 отсто, нека биде 15 отсто, но сепак тоа што ќе се направи сега со новиот закон не се зема како основа, каде треба за основа да се земе бројот на граѓани кои живеат во државата. Ако низ овие години, во континуитет со балансерот, Албанците успеаја да бидат вработени само 14% на државно ниво во институциите, тогаш со новиот закон што ќе се донесе, како основа ќе се земе бројот на граѓани од последниот попис во 2021 година“, вели Исмаили.

Во овој нов формат на дебатната емисија „Клик Плус“, која ќе се емитува во текот на летото, се дебатираше и за други прашања поврзани со новата влада, владината програма и што ја очекува државата во иднина.