По сторијата на ТВ21: 110 годишната тетовчанка повторно добива финансиска помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Морале да се жалат на телевизија за на 110-годишната Фекрие Локу да ѝ се врати правото на надоместок за помош и нега од друго лице. По сторијата на ТВ21, денеска синот на Локу е повикан во Центарот за социјална политика во Тетово и веднаш му е уредена документацијата за 110-годишната следниот месец да ги добие парите што ѝ следуваат.

„Бев во Центарот за социјални работи, се договоривме да го добива надоместокот од следниот месец. Проблемот беше со поштата што не стигна на вистинското место, а сега се договоривме од следниот месец да го добива уредно и тоа што досега го има добиено досега да се исплати“, вели Рахим Локу.

Од Центарот за социјална работа велат дека проблемот настанал бидејќи документот што го испратиле по пошта не стигнал до странката.

„Во однос на случајот Фекрије Локи, по извршениот увид во системот за социјална заштита, констатирано е дека странката во јануари 2023 година имала решение за престанок на користењето на правото на надоместок и помош од друго лице поради не-обновена документација. Тоа решение е доставено до странката по пошта. Проблемот настанува кога странката не ја добива поштата и закажува нов термин, бара ново барање и матичниот лекар не ја извести дека веќе го остварила своето право“

Во текот на вчерашниот ден ТВ21 објави дека 110-годишната жена, иако имала позитивно решение од лекарите да добие парична помош, околу две години не го користела ова право.