Презвитерот Бобан Митевски од кабинетот на архиепископот на МПЦ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека нема докази оти лажичката за причест пренесува зараза, а тој и црквата приложиле докази кои се стари 2000 години.
„Зарем сега некој ќе ја стави на испит и под прашање мојата вера?“, запраша Митевски.
Тој додаде дека овде се доаѓа до еден момент кога на една страна се тие кои веруваат, додека пак на другата се оние кои не веруваат.
