Нема казни за неспроведување на Законот за попис – Маричиќ: Одлуката за одложување е политичка, но и од здравствен аспект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако пописот не е почнат, никој не го крши законот, и никој нема да се казни вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој додава дека пописот треба да трае 15 дена и според законот може да почне и со неколку дена задоцнување.

„И да не започне денеска и да не започне во првите неколку дена тоа е не е никакво прекршување, важно е да заврши на време. Но знаеме дека веќе постои предлог-закон од Владата кој што е доставен до Собранието со кој што се предвидува пописот да се одложи за од 5 до 30 септември“, посочува Маричиќ

Владата законот го испрати предлог законот за одложување до Собранието со Европско знаме и  скратена постапка. Тоа значи дека пратениците можат да дискутираат само два дена во комисијата, потоа законот автоматски оди во пленарна седница на гласање.

„Доколку колегите од Алијанса и Алтернатива имаат сериозни или суштински забелешки нека ги извадат во Комисијата и да ги разгледаат и да видиме која им е идејата. Доколку им е идејата само да пролонгираат за ден два тогаш не гледам причина во тоа. Ќе ги поднесат амандманите и потоа законот за два дена ќе оди на пленарна седница“, додава Маричиќ.

Маричиќ додава дека причината за одлагање на пописот е од политичка и здравствена причина.

„За да дадеме шанса на имунизацијата на населението и на попишувачите и на сите што се вклучени во пописот разумно беше да се одложи пописот. Тоа се поклопи со тоа што го бараше опозицијата да се одложи пописот. Значи се споија и здавствената и политичката причина“, порача Маричиќ.

Маричиќ смета дека до септември ќе опадне бројот на заразени и ќе се зголеми бројот на ваксинирани со тоа нема да има веќе пролонгирање на пописот на населението.