Нема надеж за патот до „Козле“ – минатата локална власт ветуваше, според досегашната, не е приоритет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„По оваа улица минуваат родителите кои ги носат децата на лекување во болница за белодробни заболувања „Козле“. Иако локалните власти неколку пати ветија пред камерата на ТВ21 дека овој пат ќе се реконструира и доизгради, тоа не се случи и патот и понатаму е во истата состојба“, вели репортерката на ТВ21.

Поранешните градоначалници на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Карпош Стефан Богоев се изјаснија дека оваа улица ќе добие нов лик, но затоа денеска во SummerClick го прашавме Богоев зошто ова ветување не се исполни.

Од актуелната локална власт нема ниту ветувања ниту надеж дека состојбата може да се подобри. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски не смета дека е разумно да се занимава со оваа улица наречена „Загрепска“. Тој ни рече дека имало проект за реконструкција на овој пат од претходната власт, но бил опожарен кога била опожарена бараката на јавното претпријатие „Улици и патишта“ и додава дека тоа не му е меѓу приоритетите.

Во Институтот за белодробни заболувања „Козле“ дневно се прегледуваат во просек по 100 деца од цела Македонија. Родителите кои ги лекуваат децата во оваа болница постојано се жалат на лошата патна инфраструктура што води таму.