Нема наставници, институциите со меѓусебни обвинувања: Се одолговлекува отворањето на новото училиште во Визбегово

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Објектот е готов, но наставата во школото во Визбегово не е започната.
Бидејќи се уште нема вработено наставници, учениците од Визбегово наставата мораат да ја следат во другите населби.

Првиот ден од новата учебна година, директорот на ова училиште Кадри Елези за ТВ21 рече дека МОН и општина Бутел многу скоро ќе објават конкурс за нов кадар.

-Се договорија набрзина да ја завршат процедурата за добивање одобрение и потоа да отворат конкурс за примање нови кадри по што ќе започне редовна настава од прво до петто одделение. Жителите од населбата Визбегово навистина чекаа долго за ова школо но ќе почекаат уште неколку дена до официјалниот почеток на наставата, вели директорот на ОУ Визбегово, Кадри Елези.

Од друга страна градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски ветува дека проблемот брзо ќе биде решен, а дека за тоа чекаат од МОН…

Додека директорот на училиштето и градоначалникот на општината чекаат одобрение од МОН за вработувањата, министерката Весна Јаневска вели дека треба сами да се организираат.

Додека институциите си ја префрлаат топката едни на други, учениците се уште не знаат кога ќе започнат со следење настава во новото училиште во Визбегово.