Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека е подготвен да прогласи состојба на природна катастрофа во Тексас, откако областа беше погодена од снежна бура што остави милиони жители без струја и вода.
Бајден вели дека ќе го потпише документот со кој се прогласува природна катастрофа во Тексас веднаш штом тој документ дојде на неговото биро.
На прашањето дали ќе го посети Тексас, тој рече дека не сака властите уште повеќе да ја комплицираат работата со неговото пристигнување во овој момент.
Тој планира да ја посети оваа сојузна држава следната недела, откако состојбата ќе се подобри.
„Како што реков во кампањата, ќе бидам претседател на сите Американци. Планирам да одам таму доколку не им претставувам товар на луѓето“ – рече тој.
