Нема нови случаи на коронавирус, се чека потврда на негативните резултати на единствената заразена пациентка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема нови случаи на заболени или тестирања за коронавирус во изминатото деноноќие. Пациентката со коронавирус вчера била тестирана, и се добиле негативни резултати, но Филипче рече дека се очекува потврда на истите. Ако бидат потврдени негативни, тогаш таа не може да ја пренесе болеста.

„Нема нови на тестирања за коронавирус во изминатото деноноќие. Тестирањата кај пациентката која беше позитивна на коронавирус, го направивме и се покажа негативен, но мора да поминат 48 часа за да се потврди. Доколку е негативен, таа веќе не може да ја пренесе болеста.

Двајцата странци тестирани вчера се негативни, после направените тестови се прегледани на Инфективно, и со соодветна терапија се пуштени.

Сите странци добиваат СМС порака доколку почувствуваат симптоми, каде да се јават на преглед. Од една турисичка агенција добивме информација за пристигнување на еден автобус од Романија, и веќе се инфомирани сите надлежни за проверка, со оглед дека доаѓаат од подрачје каде што има случај коронавирус“, рече Филипче.