Нема нови случаи на западнонилска треска во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето.

Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.

Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.