Нема одложување, второто полугодие почнува на 20-ти јануари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема да има пролонгирање на учебната година поради вирусите и грипот. Иако бројките растат, сепак учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Таа најави дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје треба да излезат со заедничка изјава дека нема да има пречки за новата учебна година. Јаневска апелираше до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат.