Лекарите се жалат дека не можат да закажат термин ниту за пациентите со малигни заболувања. Проф. др. Горан Димитров вели дека за олеснување на животот на овие пациенти треба во системот да се воведе т.н. Син Термин.
Според Милица Кузманоска од Фемина М, здружение за помош и поддршка на пациентките со гинеколошки болести, најголем проблем со кој се соочуваат пациентите е закажување преглед кај специјалист.
Една друга сторија е што ние не ја отсликуваме реалната состојба со карциномите во нашата земја, бидејќи имаме стратегија за да имаме регистар за канцер, но во реалност не функционира – рече доктор Глигор Тофоски, кој исто така даде неколку совети за олеснување на процедурите за здравствениот пат на овие пациенти.
Инаку само 28% од жените се пријавуваат за скрининг за гинеколошки карцином, а има недостиг на здравствена култура и во урбаните центри, велат од Асоцијацијата на гинеколози, по повод на Светскиот ден на гинеколошките карциноми.
