Нема тротоари, а кучињата скитници демнат насекаде, родителите на учениците од ОУ Гоце Делчев бараат решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово се соочуваат со бројни предизвици додека да стасаат на училиште. Нема тротоари, непрописно паркирани возила, кучиња скитници насекаде, а и проблемот со отпадот не е за занемарување. Родителите изразуваат загриженост и бараат да се преземат мерки, пред, како што велат, да дојде до фатални последици.

Прашавме во општина Тетово, од каде велат дека за сообраќајот во градот е надлежен Секторот за внатрешни работи, велат родителите.


-Безбедноста во сообраќајот не е во надлежност на општина Тетово. За ова прашање одговорност сносат директно учениците во сообраќајот и СВР-Тетово, бидејќи сообраќајните знаци се веќе поставени од страна на општината, велат од општина Тетово.


А од СВР-Тетово уверуваат дека нивните тимови постојано вршат патроли, но како што објаснуваат, проблемот е во несоодветната инфраструктура во тој дел од градот.


-Согласно надзорите на СВР-Тетово, круцијален проблем за условите за кои реагираат граѓаните, а кои го спомнавте вие, е несоодветната инфраструктура во тој дел од градот, која не е димензионирана и не соодветствува со моменталната фреквенција на возилата и луѓето, велат од СВР Тетово.

И додека институциите си ја префрлаат топката, родителите најавуваат дека доколку не бидат преземени мерки, ќе го блокираат патот во знак на протест.