Нема веќе африканска чума кај свињите во земјава и во сите општини е стопирано спроведувањето на мерките за заштита, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Резултатите од мострите од клиничките анализи се негативни, елиминирани се сите извори на болеста, со што сега веќе може да се врши репопулација на свињарските фирми.
Бабовски нагласи дека и покрај тоа што е тргната забраната за одгледување свињи, сепак, вселувањето (репопулацијата) на свињите во одгледувалиштата на свињи ќе се врши само доколку се исполнети пропишаните услови.
Од почетокот на оваа болест во земјава, од 1 јуни минатата година, уништени се 4.216 свињи од вкупно 416 земји. Директорот на АХВ апелира на внимателност од сите страни, како ловџиите, фармерите и институциите со цел заштита од овој опасен вирус.
