Дуелот меѓу Данска и Финска кој се игра во Копенхаген е прекинат на полувремето, откако Кристијан Ериксен колабираше на еден дел од теренот.
Ериксен при еден изведен аут падна како „покосен“ и остана на теренот, а веднаш на помош пристигна лекарскиот тим.
Имаше обиди за реанимација кои траеа околу 7-8 минути, а потоа данскиот репрезентативец беше изнесен од теренот.
И натаму нема официјална информација околу состојбата со Ериксен. Се очекуваат повеќе информации вечерва. Мечот официјално е прекинат.
