Немили сцени во Лигата на шампионите: Навреди на расна основа од судија, играчите на Башакшехир го напуштија теренот во Париз (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расизам го прекина натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Башакшехир. Шестото коло беше на програмата, а романски арбитри го водеа мечот.

Се играше 13. минута кога четвртиот судија реагираше кон главниот да дојде да исклучи еден играч, и притоа наводно му се обратил со зборовите: „Исклучи го тој црниот“.

Се вклучи и напаѓачот Демба Ба кој имаше „жесток“ разговор со судијата поради тие зборови.

Епилогот на крај беше играчите на турскиот тим го напуштија теренот, и не се вратија на него.

Иако имало обиди мечот да продолжи, сепак, тоа не се случи. Според последните информации, мечот ќе продолжи утре во 18:55 часот.

Во другиот натпревар во истата група, Лајпциг го победи тимот на Манчестер Јунајтед со 3:2.