Ненад Савески го почнува мандатот како Јавен обвинител, најави дека нема да води селективна правда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески, денеска со давање на свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, и официјално ќе го почне новиот мандат на оваа функција. Тој ќе стане деветти републики јавен обвинител од независноста во 1991 година.

Савески вчера беше избран во Собранието со 66 гласа „за“, по оставката на Љупчо Коцевски. Неговиот мандат ќе трае шест години, со можност повторно да биде избран.

Ненад Савески во интервју за МИА дадено пред неговиот избор рече дека нема да води селективна правда бидејќи за него сите предмети се важни, ниту пак ќе има предмети во фиока. Како приоритети најави дигитализација на работењето на Обвинителството, како и поголема отчетност и транспарентност. Рече дека ќе работи на подобрување на условите за работа, бидејќи, како што истакна не може сиромашна институција да се бори против богати од криминал.