Неочекуван гостин: Мечка нападна вработен во супермаркет во Јапонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден маж е повреден кога бил нападнат од мечка која влегла во супермаркет во јапонската префектура Акита, соопшти денеска полицијата.

Нападот се случил додека 40-годишниот маж, кој е вработен во одделот за сувомеснати производи, се подготвувал за почеток на работниот ден, објави Кјодо.

Вработениот се здобил со повреди на лицето и на други делови од телото, но лекарите наведуваат дека повредите не се опасни.