Непознат сторител упаднал во куќа во Струга и запалил дел од покуќнината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 14.03.2026 година во 15.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека непознат сторител, со обивање на приземниот прозорец, насилно влегол во куќа лоцирана во струшката населба „Езерски лозја“ и извршил опожарување на дел од мебелот и покуќнината.

Повредени лица нема а интервенирала територијалната противпожарна единица.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.