„Непринципиелно постапи македонската држава во договорот за добрососедство со Бугарија“, смета поранешниот амбасадор Ѓорчев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија непринципиелно постапи во договорот за добрососедство со Бугарија и воопшто не ја консултираше Амбасадата, вели во интервју за ТВ21, поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

„Околу договорот, не принципиелно постапи македонската држава. Не се консултираше со амбасадата, не се консултираше со амбасадорот околу поимот заедничка историја и нерамноправноста околку третирањето на малцинствата“, изјави Марјан Ѓорчев во емисијата „10  минути“ на ТВ21.