Во село Непроштено, Теарце, сопствениците на локалите ги затвориле вратите за гости, а продаваат само кафе за носење. Ваквата иницијатива ја преземале со цел да се заштитат граѓаните од корона вирусот.
„Се наоѓаме кај еден од локалите во село Непроштено, општина Теарце. Во овој локал не се служи кафе, туку има само кафе за носење. Одлуката ја донеле самите сопственици на кафеаните со цел да се намали бројот на заразени“, истакна репортерот на ТВ21.
Жителите ја поздравуваат ваквата одлука и сметаат дека и другите села треба да преземат вакви мерки за заштита од вирусот.
„Одлуката ја донесовме поради заразата, зголемувањето на бројот на заразени, одлуката е правилна. Сите треба да направат вака и другите села. Веќе 5 или 6 дена е направено. Важно е што е направено за добро и сите треба да направиме по малку со цел да се подобри состојбата“, вели граѓанин.
И претседателот на месната заедница на село Непроштено, Назми Азизи вели дека одлуката е правилна но дека не била одлука на месната заедница.
„Одлуката ја донеле сами, не е одлука на месната заедница и месната заедница не може да донесе таква одлука. Има надлежни органи кои се бават со овие работи, а не некој да донесе одлука на своја рака. Јас сум ЗА ова одлука но не на ваков начин. Треба да се одржи состанок, да се повикаат членовите на месната заедница и да се одлучи“, посочи Назим Азизи.
Иако во ова село бројот на заразени, според селаните, не е повеќе од 7, сепак Непроштено стана пример како и другите села треба да се заштитат и да спречат ширење на Ковид-19.
