„Иако реконструкција на вакви главни сообраќајници се врши во лето кога е помала фрекфекцијата на возилата Град Скопје и општина Гази Баба одлучија работите да ги почнат на крајот на летото. Колкава ќе биде гужвата и нервозата на возачите уште сега може да се види“, истакнува репортерката на ТВ21.
Долги колони возила поради стартот на градежните работи за реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“ во скопска Автокоманда, кој всушност е источниот влез во градот Скопје. Поради ова возачите се нервозни.
Градоначалникот Петре Шилегов вели дека поради изборите не ги почнале работите во лето, а и пандемијата ги задржала граѓаните дома.
„Годинава сепак имајќи ја предвид епидемиолошката состојба и во регионот и неможноста на граѓаните да ја напуштаат државата ние немавме таканаречен нешпиц период за да може непречено да се одвиваат овие работи. Како што гледате – да има гужва меѓутоа автомобилите се движат“, посочи Петре Шилегов.
Го прашавме Шилегов дали можеби градот размислувал за тоа како да се реши метежот со автомобилите. А додека одговараше голем дел од автомобилите и нервозно му свиреа.
„Би ве замолил ако имате сугестија како, кога се вршат градежни работи да нема сообраќајна гужва да ја дадете на градот и градот ќе ве послуша. Не може да вршите реконструкција на сообраќајници, а да не се создава сообраќајна гужва. Во двата правца реконструкцијата би завршила за 40-ина дена. Ќе одиме правец по правец прво влезниот, па потоа излезниот правец со цел да направиме компактност во целата прикаска“, додава Петре Шилегов.
Еве ја реакцијата
Тие се реакциите ама јас не велам не, само замолувам граѓаните да бидат трпеливи.
Но, со некаков предлог за намалување на гужвите излезе градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски.
„Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот да имаат во предвид дека може да ги користат и другите алтернативни влезови од источната страна на градот Скопје како што е обиколницата и улицата Благој Стефковски за да може овој сообраќаен метеж во овие 40 дена да се намали“, посочи Борис Георгиевски.
Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри што претставува најдолга делница на која град Скопје работи во моментов.
