Несогласувања во Владата околу тоа како и кои кафулиња ќе можат да работат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши, на гостувањето во „10МИНУТИ“ на ТВ21, откри како ќе функционираат кафулињата кога ќе бидат отворени.

„Тие што немаат тераси, нема да може да отворат. Задолжително е да имаат простор на отворено, но треба да се има во предвид дека и надвор ќе треба да се почитува дистанцата меѓу масите и другите мерки предвидени со протоколи. Да бидеме поконкретни, некој што има само 20 метри квадратни тераса, ќе може да има само две маси“, вели Бектеши.

Што значи дека оваа мерка за тие мали тераси не им оди во прилог?

„Да, економски ќе немаат придобивка, бидејќи тие ќе имаат повеќе трошоци од профит од отворањето на локалот“, потенцира Бектеши.

Во разговорот Бектеши откри дека во Владата има некои несогласувања околу тоа кои угостителски објекти можат да работат, а кои не.

„Некои од членовите на Владата сметаат дека треба да им овозможиме отворање на локалите и на тие што имаат помали капацитети за тие што имаат тераси, но истовремено и на тие што функционираат само со затворени простории. Ова е единствената дилема во моментот“, вели Бектеши кој надополнува дека од Комисијата за заразни болести е препораката во 10 метри квадратни да има по една маса, и на неа да можат да седат не повеќе од четири лица.