Несреќа на границата меѓу Мексико и САД, најмалку 15 загинати (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 15 лица загинаа во несреќа која се случила во близината на американско-мексиканската граница во близина на Калифорнија.

Како што јавија медиумите во САД, несреќата се случила во вторник наутро, по локално време, односно во 6:30 часот, 10 милји северно од границата во местото Калексико.

Се судриле камион и теренско комбе во кое се превезувале 27 патници.

Од болницата соопштиле дека 14 лица загинале на лице место, а едно починало во болницата.