Еден рудар загина, а 11 се хоспитализирани откако рано во понеделникот подземен земјотрес го погоди рудникот за јаглен на полската рударска групација ПГГ во Радлин во јужна Полска, соопшти ПГГ.
Потресот се случил на околу 800 метри под земја, се вели во соопштението за медиумите.
„Во загрозената област имаше 29 наши вработени. Единаесет од нив беа пренесени во болница. За жал, еден од нашите колеги, еден од рударите, почина“, рече вршителот на должноста извршен директор на ПГГ, Бартош Кепа на прес-конференција.
Рударот бил прогласен за мртов на лице место, а четворица хоспитализирани се во тешка состојба, изјави на прес-конференција Лукаш Пах, шеф на итната медицинска помош во Катовице.
Операцијата за обезбедување на погодената област сè уште е во тек, а материјалната штета во рудникот допрва треба да се процени, рече Марек Скуза , заменик извршен директор за производство на ПГГ.
