Нестабилно време во наредните денови, утре ветер над 60 километри на час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 23 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер. T=23°C. P=966hPa. U=48%. V=5m/s.

Продолжува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h).