Неуспешен и осмиот обид за избор на претседател на собранието во Приштина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратениците на собранието на приштинските институции и денеска не избраа претседател на собранието во осми обид, откако кандидатката на Самоопределување Аљбуљена Хаџију ниту по шести пат не го доби потребниот број гласови.

За Хаџију денеска гласаа 54 пратеници, против 44, а воздржани тројца.

Претходните пет пати за Хаџију гласаа 57 пратеници.