Невидена хаварија во регионот: Хрватска, БИХ, Црна Гора и Албанија останаа без струја (ФОТО+ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во петокот околу 12 часот, цела Далмација остана без струја, од Задар до Дубровник. Истите проблеми го имаа и жителите на Црна Гора, БИХ и Албанија. Проблемот е хаварија во мрежата на црногорскиот систем.

Ова е првпат ваква хаварија на системот низ Црна Гора, а причината е непозната. Последните информации говорат дека поради високите температури, се зголемила потрошувачката, па системот бил срушен.

Исто така последните информации велат дека полека се враќа струјата низ Далмација.

Во Сплит се случи хаос во сообраќајот поради неработењето на семафорите.