Невидено злосторство во Италија: 19-годишник убил 14-годишна поранешна девојка оти не сакала да се смири со него

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија е потресена од бруталното убиство на 14-годишната Мартина Карбонаро, чие тело беше пронајдено во напуштена зграда во Афрагола неколку часа откако беше пријавено дека е исчезната. Алесио Тучи (19), поранешното момче на девојката, е уапсен и обвинет за тешко убиство и прикривање на телото.

Според истражителите, Тучи ја претепал Мартина до смрт со камен, а потоа се обидел да го скрие телото во плакар полн со цемент во напуштена зграда. Мартина се согласила повторно да се сретне со него во понеделник на местото каде што претходно редовно се гледале и не се вратила дома.

Нејзината мајка, Фиоренца Косентино, го повикала Тучи и го прашала дали ја видел. Потоа влегол во автомобилот со родителите на жртвата, кои тргнале во потрага. Набрзо бил уапсен и, според локалните медиуми, го признал злосторството. Полицијата вели дека меѓу нив избувнала расправија, по што Тучи ја удрила со камен во главата. 

„Ја удрив со камен… Не сакаше да се смири со мене“, им рекол тој на истражителите, пренесува агенцијата АНСА.