Невреме и поројни дождови до крајот на неделата, ветерот ќе достигнува над 70 км/ч

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До крајот на неделава времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди во текот на денот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре, во петок и за време на викендот се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси проследени со локално пороен дожд, на места и над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер кој краткотрајно може да достигне брзина и над 70 километри на час, во форма на невреме.

Од УХМР информираат дека во среда и во наредните денови ќе дува и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час.

Променливо време се очекува и во Скопје, каде во следните денови ќе има сончеви периоди, но и услови за нестабилност во попладневните часови. Во одделни делови од котлината можно е краткотрајно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер.