Невреме и во Хрватска – силен ветер, дожд, паднати дрвја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силно невреме проследено со дожд вечерва повторно ја погоди Славонија, Хрватска.

Од Илок до Вуковар имало неколку паднати дрвја покрај патиштата, а 112 добиле десетина повици за лошо време.

Цивилната заштита се огласи и на Фејсбук.

Од таму велат дека силен ветер проследен со дожд го зафатил регионот меѓу 17:30 и 18:30 часот.

„Паднати се неколку дрвја покрај патиштата. Жупанскиот центар 112 Вуковар прили десетина дојави на граѓани за времеме, за сега нема информации за поголеми штети“, пишуваат од цивилната заштита.