Невреме ја зафати Србија: Торнадо во еден град, поплавени улици во друг, снема и струја (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Србија попладнево имаше невреме, со црни облаци и грмотевици.

Во Панчево имаше поплавени улици, а во Качарево имаше прекин на електричната енергија.

Републичкиот метеоролошки завод издаде итно предупредување за невреме, а имаше невреме во Ваљево, Ужице и Пожега. Торнадо го погоди Ужице, додека Ваљево го зафати град со големина на орев. Неколку автомобили и куќи се оштетени.

Невремето вечерва се движеше кон Белград.