Невреме во Грција, поплави во делови на земјата, се затвораат училишта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчките власти денеска издадоа предупредување во повеќе региони во земјата поради обилни врнежи и невреме со град.

Поради невремето денеска ќе бидат затворени училиштата на Парос, Миконос, Родос, Кос и Сими, пренесува Катимерини.

Силно невреме ги погоди Кикладите и Евија во понеделникот попладне, а предупредување беше издадено и за островите во источниот дел на Егејското Море, вклучувајќи ги Хиос, Самос и Икарија.