„Ние сме држава со висока задолженост“, вели Поповски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетскиот професор Никола Поповски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека ние сме држава со висока стапка на задолженост.

„Моето лично мислење е дека сме дојдени до опасната граница,во моментов е 59.5 еве да заокружиме 60 проценти на јавниот долг тоа е точно границата во светот каде економиите економиите преминуват од умерена во висока задолженост.  Ние сме де факто држава со високо ниво на задолженост, ќе имаме големи каматни исплати во иднина и ќе треба постојано да земаме нови, да ги репрограмираме долговите“, посочи Поповски.

Тој упати препорака до Владата да престане да емитува дополителен јавен долг и да се обиде да скрати некој од ненужните трошоци.