Војсната на Нигерија разменила оган со вооружена група која држи како заложници стотина средношколци во северозападната држава Кацина, објави претседателството.
Вооружените напаѓачи со калашникови упаднале во средното училиште во областа Канкара во петоко, објавија полицијата и локалните власти.
Родителите и главните во училиштето за „Ројтерс“ соопштиле дека напаѓачите одвеле половина од 800 ученици. Некои 200 ученици успеале да побегнат, а се воделе како исчезнати, но успеале да се вратат во своите домови, пишува „Би-Би-Си“.
Претседателот на Нигерија, Мухамаду Бахари во соопштението истакнал дека војската ги лоцирала киднаперите во шума, и со нив разменила оган. Полицијата и војската се обидуваат да утврдат за колку ученици станува збор, а полицијата најавила засилувања за да ги ослободи заложниците.
Државата Кацина е „магнет“ за насилства и во неа делуваат вооружени банди. Често се случува напаѓачите да киднапираат луѓе, со цел потоа од семејствата да бараат пари.
