Никако да се намали бројот на заразени – рестриктивните мерки не се опција, медицинскиот кадар ќе ротира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на новозаразени со Ковид-19, последните денови, никако да падне под 100. Денеска се евидентирани 103 новозаразени и 5 жртви од Ковид-19, а бројот на оздравени не е толку оптимистичен, бидејќи се оздравени само 13 пациенти. Зголемувањето на новите случаи, министерот Филипче го образложува со непочитувањето на мерките и укинувањето на рестриктивните мерки.

Меѓутоа, иако имаме зголемување на бројот на заразени, во игра не е повторно враќање на  рестриктивните мерки.

Но дали има болнички капацитет за сите нови случаи? Филипче вели дека има слободни кревети, бидејќи само 13% од заразените се лекуваат во болнички услови. Тврди дека има и медицински кадар, бидејќи сега веќе почна ротацијата.

Тој извести дека во Инфективна клиника денеска стигнале 5 лекари од другите клиники и 27 медицински сестри, а “8 Септември“  6 лекари и 20 медицински сестри. Ротацијата на здравствените работници беше овозможена  со донесената уредба од страна на Владата, со која се  дава право на Министерот, лекар или медицинска сестра, со негова наредба, да испрати од една здравствена институција во друга. Здравствениот работник ќе се врати на  неговото работно место кога нема да има потреба од него  и кога актуелната институција ќе биде под контрола.

Ротацијата на медицинскиот кадар е поради заразувањето со Ковид-19 и само изолацијата на здравствените работници.