Никој не дошол да ги попише! – Околу 350 жители од населбата Красниќи останаа непреброени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е населбата Красниќи во Тетово, која брои околу 350 жители.

Тука се доселиле пред 60-тина години, но како што велат, досега никој не дошол да ги попише, иако повеќето од нив имаат документи и државјанство.

За ова прашање побаравме став од Државниот завод за статистика, од каде кусо ни одговорија дека од реонските попишувачи добиле потврда дека ги посетиле сите пописни реони.