Николоски: Џафери е лош предлог – Ќе влезе ли ВМРО-ДПМНЕ во техниччка влада со Талат Џафери премиер?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ се уште во дилеми дали на 28 јануари ќе влезе во техничката Влада. Потпретседателот на партијата Александар Николоски вели дека треба добро да размислат за ова прашање бидејќи, како што додава, задача на оваа влада е да организира избори. Смета дека Талат Џафери не е добар предлог за премиер.

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери, претходно во Клик Плус изјави дека ВМРО-ДПМНЕ како што го „голтна“ моментот во 2013 година кога тој стана Министер за Одбрана, така ќе го „голтне“ и моментот кога ќе стане технички премиер.

„ВМРО-ДПМНЕ во 2013 го „голтна“ моментот Талат Џафери да стане Министер за одбрана во владата на Никола Груевски, влада раководена токму од ВМРО“, рече Џафери.
-Но Никола не е тука веќе!
Џафери: Нема врска, субјектот е во прашање, не е во прашање личноста.

Во врска со прашањето за тоа технички премиер да стане Талат Џафери, Европскиот сојуз за промени изјави дека за премиер би бил прифатлив секој Албанец, но не и Талат Џафери, поставувајќи прашање како може да се очекуваат демократски избори од Влада предводена од Џафери, кој според ЕСП , како претседател на Собранието ја спречува албанската опозиција да има свој член во ДИК. Од друга страна, СДСМ е ЗА името на Талат Џафер за премиер, а од Алијансата за Албанците исто така велат дека нема ништо лошо да гласаат за Џафери.