Николоски: Од најмоќните држави само една членка на ЕУ поддржува преговори за Македонија безусловно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека од најмоќните држави само една членка на Европската Унија поддржува преговори за Северна Македонија безусловно.

„Моето убедување е дека Бугарија не е единствениот проблем. Мислам дека постојат, да бидам прецизен, од најголемите и најмоќни земји членки на ЕУ само една поддржува почеток на преговори на Македонија со ЕУ безусловно, а сите останати имаат резерви“, вели Николоски.

Според Николоски, тоа е Германија.