Доколку се направи тестирање на лицата кои го напуштија Скопје пред каранинот, меѓу нив ќе има од 4 до 8 илјади позитивни лица, вака изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПНМНЕ, Игор Николов во гостување на Канал 5 телевизија.
„Скопје го напуштија околу 20 илјади автомобили. Доколку епидемиолозите пресметаат претпоставувам по четири лица во автомобил, значи Скопје го напуштиле околу 80 илјади лица. Значи ако има тестирање меѓу нив би имале позитивни меѓу 4 и 8 илјади лица без симптоми кои се шетаат и го расејуваат вирусот“, рече Николовски во гостувањето на Канал 5 телевизија.
Не потенцираше на што го тврди ова ниту пак како би изгледало тоа тестирање на повеќе од 20 илјади автомобили.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција порача дека исправна е одлуката за воведување на рестрикции во движењето.
