Николовски: Добивме датум само за скијање, ако има волја проблемот се решава во едно попладне или претпладне

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лагата дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ датира од почетокот на 2018-та година кога стигна предлогот на Нимиц за решавање на спорот со Грција изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Причините за недобивањето на датум ги гледа во нереализираните реформи кај Македонија и Албанија.

“Македонија нема да почне преговори со ЕУ поради тоа што нема реформи и групата со Албанија. Јас пролетта 2018-та реков дури и да се реши спорот со Грција Македонија нема да почне преговори од две причини: нема реформи и групата со Албанија. Тоа што ме боли е што се злоупотребува процесот на евроинтеграции како во ниедна друга држава за политички цели“- вели Николоски.

Како пример го посочува случајот со Кастриот Реџепи за кого смета дека бил уценет, а потоа дебело награден за да премине во парламентарното мнозинство со изговор дека добил информација дека Македнија ќе добие датум за преговори.


„Од ова студио реков дека во јануари може да добиеме само датум за скијање Во истово студио кај ваш колега кажав на шега во декември нема шанси Македонија да добие датум за почеток на преговори, а во јануари може да добие само датум за скијање“, рече Николовски.

Николоски смета дека ако има јасна волја во главните градови на главните европски држави дека Македонија треба да почне преговори проблемот би се решил за едно претпладне или едно попладне.