Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ рече дека неговата партија во моментов води со два мандати, и дека може бројката да расте уште повеќе.
„Победивме… На околу 75% обработени, од денешниот кристално чист европски ден, јасни се две работи, победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро.
СДСМ во моментов води со два мандати, и информациите се растечки. Ја имам таа чест како шеф на централниот да прогласам победа на мојот Социјалдемократски сојуз и на оваа најголема коалиција.
После цели 18 години прогласуваме победа на парламентарните избори“, рече Николовски.
