НИШТО НЕ Е КАКО ШТО ТРЕБА ВО ЈУНАЈТЕД: Прокиснува „Олд Трафорд“, по трибините реки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Манчестер Јунајтед со години не бележи резултати во склад со угледот и историјата на клубот. Покрај тоа, ниту стадионот „Олд Трафорд“ не е во идеална состојба.

„Црвените ѓаволи“ загубија од Арсенал со 1:0 и тоа беше 14. пораз во Премиер лигата за борбениот англиски гигант.

Дека ништо не е во ред во овој клуб најдобро се гледа по покривот што прокиснува.

Имено, на видеото јасно може да се види како дожд врне по скалите на стадионот. Вакви слики не доликуваат на голем клуб и јасно е дека челниците на Јунајтед ќе мора што поскоро да ги решат овие проблеми.

Да потсетиме, тимот на Ерик тен Хаг се наоѓа на осмото место на табелата во Премиер лигата со 54 бодови и ја игра една од најлошите сезони во историјата.