Ништо ново – Македонија со пораз од Белорусија го заврши Мундијалот во Египет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација ја заврши главната фаза без бодови и на последното место во групата по поразот од Белорусија денеска со 30:26.

Во првиот дел беше израмнето 14:14, меѓутоа во вториот дел Белорусија заигра онака како што посакуваше, и на крајот ја направи разликата.

Кире Лазаров беше прогласен за играч на натпреварот, но тоа е мала утеха, затоа што овој Мундијал беше катастрофален за нашиот национален тим со само една победа од шест меча.

Лазаров даде седум голови, исто како и Кулеш во таборот на Белорусија.