Кај нас има 50% помалку медицински сестри од потребното и поради тоа тие се оптоварени со дополнителна работа. Од друга страна, оваа бројка продолжува да се намалува бидејќи само во текот на последната година 170 медицински сестри ја напуштиле Северна Македонија, а 200 се вработиле во приватно здравство. Овие податоци ги соопшти Здружението на медицинските сестри, од каде нагласуваат дека покрај ниските плати, која е една од главните причини, мизерни се и условите во кои работат.
Освен тоа, од оваа Здружение бараат да се отвори насока и за медицинска сестра по стоматологија во средните медицински училишта, бидејќи, како што велат, тоа им оневозможува нормално функционирање.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, пред неколку дена прашан за заминувањето на лекарите и медицинските сестри, ги обвини претходните министри кои не преземале никаков конкретен чекор. Тој кога ја презеде функцијата најави стратегија со која ќе се регулира статусот на здравствениот кадар.
Од Здружението на медицински сестри изразуваат загриженост за миграцијата на медицинските сестри, додавајќи дека само од една здравствена институција заминале 70 медицински сестри. Прашани што прави Министерството за здравство во овој правец, велат дека многу министри ветиле решение, но не успеале да ги спроведат бидејќи брзо биле сменети.
