На новогодишната ноќ, Град Скопје организираше концерт на плоштад. Тоа што падна во очи е дека немаше ниеден пејач Албанец, што предизвика доста реакции во јавноста бидејќи и Албанците се даночни обврзници на Град Скопје.
За ова, во Клик Плус на ТВ21, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска рече дека пејачот Бени Шакири бил претставник на Албанците.
Ова не е прв пат Албанците да бидат заобиколени, потсетува текстописецот Авни Ќаили додавајќи дека ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина.
„Пејачите се навикнати да бидат игнорирани како на централни манифестации во Скопје на државно ниво, така и на учество за песна на Евровизија, на детски фестивали, за млади, ние сме игнорирани секаде, тоа не ме изненадува, но ме изненадува фактот што кога таа госпоѓа дојде, на своите почетоци ми изгледаше како госпоѓа која е политички подготвена, урбана жена, но дека прави такви гафови, не знаев. Ние Албанците сме навикнати да бидеме на ваков начин игнорирани и верувам дека вака ќе продолжи и во иднина“, вели Авни Ќаили.
Композиторот Артан Кастрати упати критика на адреса на Град Скопје затоа што не поканиле пејачи Албанци.
„Не мислам дека е оправдано на ваков настан како што е Нова Година, да не бидат поканети и уметници Албанци, имајќи превид дека во Скопје имаме многу професионални и фантастични пејачи, гледам дека не само на овој настан туку и на други разни манифестации кога се канат пејачи, како што во случајов, со цела почит кон уметниците Македонци, но треба да бидат присутни и пејачите Албанци“, вели Артан Кастрати.
Новогодишната прослава траеше неколку дена,а централната манифестација се одржа во центарот на главниот град.
