Ниту една партија сè уште не излезе со конкретно име – кандидатите за претседател, заложници на коалициите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради можните коалиции за парламентарните избори, сè уште не се соопштуваат имињата на кандидатите за иден претседател на Македонија. Партиите сè уште не знаат кој со кој и во кој фронт ќе биде. Ваква е состојбата и во Алијанса з Албанците (АА), чиј потпретседател Елми Азири, вели дека одликата е условена со одлуката за коалиција.

Претседател Албанец, без дискусија е кауза на АА. Вие знаете дека и во 2019 АА го поддржа независниот кандидат г. Блерим Река. Одлуката за претседателски избори е условена од тоа дали АА ќе оди сама или во коалиција и верувам дека заедно кога ќе се носи одлука за парламентарните избори, ќе се донесе одлука и за претседателските избори“, вели Елми Азири.

Слична ситуација и во ДУИ. Ниту интегративците немаат конечна одлука во однос на коалицирањата ниту за претседателски кандидат. Според претходните изјави на потпретседателот на оваа партија, Бујар Османи, ДУИ ги разгледува можностите дали ќе излезе со сопствен кандидат или со консензуален кандидат со СДСМ, или пак да го поддржат кандидатот Албанец. Кандидат Албанец до сега објави само „Европски сојуз за промена“ (ЕСП), но сè уште немаат конкретно име. Признаваат дека разговарале со екс претседателот на НДП, Руфи Османи.

Малку е рано но мислам дека ќе има сеопфатен кандидат, инклузивен, на достоен начин како претседател да ги претставува Албанците во Македонија“, вели Изет Меџити.

-Дали е Руфи Османи еден од потенцијалните кандидати?

Не исклучувам, имало разговори“.

Во меѓувреме, СДСМ ја започна постапката за избор на кандидат. Општинските ограноци на оваа партија, треба да ги предложат нивните кандидати. Лидерот на СДСМ не ги открива имињата.

ВМРО-ДПМНЕ до сега ги има избрано само делегатите кои ќе ги избираат кандидатите за претседател. Како што дознаваме, фаворити се Гордана Силјановска Давкова и Александар Спасеновски. Единствен официјален кандидат до сега е само лекарот Вело Марковски кој ќе се кандидира како независен кандидат.