ВМРО-ДПМНЕ предлага Предлог-закон за формирање специјална Државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии. Како што вели Антонијо Милошоски од партијата, вчера го доставиле предлогот до министерот за здравство, Венко Филипче, но тој одбил.
Од СДСМ му порачуваат на својот опонент да не прават дневна политика со здравјето на граѓаните, туку да размислат добро дека законите треба да се изгласаат.
Законските измени кои се предлагаат во Законот за заштита од заразни болести ќе овозможат да стапат на сила мерките кои ги предложи Комисијата за здравство, а ги усвои владата, како што се задолжителни маски на отворено, забрана за групирања по 22 часот, но и ограничување на бројот на гости.
Со измените на законот практично ќе се овозможи на инспекторите и полицијата да интервенира доколку во еден стан или куќа има групирања повеќе од дозволеното, односно дојдат повеќе од четворица гости.
